Утрински Весник
Македонија

Ѓорѓиевски: КУД ,,Китка” е наша гордост и чувар на македонскиот идентитет!

Ѓорѓиевски: КУД ,,Китка” е наша гордост и чувар на македонскиот идентитет!

Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, синоќа присуствуваше на одбележувањето на 54 годишнината од постоењето на КУД ,,Китка” од Драчево.

dobivaj vesti na viber

Во своето обраќање до присутните тој се заблагодари за поканата на овој важен настан, за се што прават во насока на зачувување на нашата вековна традиција преку македонските песни и ора.

Како што рече, ова културно друштво е вистински чувар на македонскиот идентитет.

„Со голема чест и задоволство присуствуваме на уште еден од големите концерти на ансамблот “Китка”. Во предвечерието на нивната јубилејна 55-та година, вечерашниот настап на амбасадорите на македонскиот фолклор кои се препознатлив белег и симбол на Драчево и Драчевци, а со тоа и на целата Општина Кисела Вода, повторно ќе не врати во минатото, кај нашите предци и нивните обичаи, ќе испише уште една страница во фолклорниот историски учебник за Македонците од овој дел на градот“, рече Ѓорѓиевски.

„Секој успех што го запишал ансамблот “Китка”, секоја освоена награда, посебно оние надвор од границите на Македонија за нас се огромна гордост и уште една потврда дека квалитетот и уникатноста се нешто по што сме препознатливи. И затоа, и вечерва нема да ги штедиме аплаузите за новата визуелизација на македонскиот бит која ќе ја донесат, како и секогаш, во полн сјај“, додаде тој.

„Пред да им ја отстапам сцената на овие наши уметници, сакам да им се заблагодарам за сето она што го прават за Драчево, за Кисела Вода, за Македонија и македонскиот народ. Нивното гласно говорење преку автентичниот ритам, преку песната, преку орото и носијата мора да продолжат и понатаму за што ќе ја имаат подршката од Општина Кисела Вода и од мене како градоначалник!

Успехот и понатаму нека биде ваш потпис, а афирмацијата на македонскиот фолклор и традиција – ваша обврска! – додаде Ѓорѓиевски.

Можете да прочитате

(фото) Вечерва тешка сообраќајна несреќа во Бутел – автомобил превртен на кров, има повредени

Јована Мојсоска објави дивоградба во срцето на струшката чаршија

Изгореа неколку штали – Пожарот во Валандово сега е ставен под контрола