Утрински Весник
Скопје

Ѓорѓиевски ги повикува скопјани на плоштадот „Македонија“: Заедно да го осветлиме градот

20251215082918 big 730x400 10.webp.webp

Посебна атмосфера, богата програма со забава, музика, многу подароци и изненадувања за сите генерации, најавува градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој ги повикува скопјани, попладне во 18 часот, на плоштадот „Македонија“ заедно да присуствуваат на осветлување на градот по повод новогодишните и божиќните празници.

Како што истакнува Ѓорѓиевски, годинава празничниот дух повторно се враќа на плоштадот „Македонија“. 

– Нашиот град е најубав тогаш кога свети од радост, насмевки и празнична магија. А сите ние – и младите и возрасните ја заслужуваме таа топлина што ја носат Новогодишните и Божиќните празници. Затоа, со огромна радост ве поканувам заедно да го означиме почетокот на едно ново празнично поглавје исполнето со забава, музика, многу подароци и вашите омилени херои кои ќе ги израдуваат најмалите. Во 18 часот, на плоштадот „Македонија“, заедно со вас ќе го осветлиме градот и после неколку години ќе ја почувствуваме првата искра на празничниот дух, напиша градоначалникот на својот фејсбук профил.

Според него, од утре до 31 декември секој ден ќе има настани и забави за сите генерации, а дочекот на Новата година ќе биде спектакуларен и незаборавен.

Ѓорѓиевски претпладнево на прес-конференција ќе информира за новогодишното украсување и новогодишната програма и настаните на Град Скопје. 

Можете да прочитате

Советниците од Левица во скопските општини поднесоа иницијативи за меѓуопштинска соработка со Град Скопје за рушење на дивоградби

Санкционирани 104 непрописно паркирани возила во Центар за една недела

Одборот за традиционална прослава на Бадник ќе ги претстави кумот и здравичарот