Утрински Весник
Македонија

Магла на патните правци Неготино- Градско и Неготино – Демир Капија

Magla.jpg

Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50-100 метри на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Лукаревска: Семејствата сами се борат за лекови, СДСМ предлага проширување на позитивната листа

Има решение за македонското земјоделство – но дали системот сака да се промени?

За два дена 1026 сообраќајни прекршоци низ Македонија