Утрински Весник
Скопје

Ѓорѓиевски: 14 милиони денари за набавка на возила за ,,Комунална хигиена“ 

Orce.webp.webp

Со одлука на Советот на Град Скопје, за Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ се издвојуваат 14 милиони денари за набавка на нови, специјализирани комунални возила, неопходни за поефикасно и навремено одржување на хигиената во главниот град.  Дополнително, пристигнуваат уште две возила како донација од општествено-одговорни компании, што претставува значајна поддршка и признание за нашите напори, објави вечерва на Фејсбук градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски вели дека оваа одлука повторно ја потврдува посветеноста кон домаќинско, рационално и одговорно трошење на средствата.

– Со ваквиот модел на набавка, градот заштедува и 2 милиони денари преку повратот на ДДВ, средства кои, доколку градот сам ги набавуваше возилата, ќе беа целосно потрошени. Уште поважно, веќе е почната постапката во соработка со Владата на Република Македонија и Светска банка, за набавка на повеќе од 20 нови специјализирани комунални возила. Ова значи модерна механизација, поголема ефикасност и подобра услуга за сите жители на Скопје. Набавката на нова опрема е инвестиција која се враќа веднаш, пишува скопскиот градоначалник. 

Новите возила се под гаранција, со значително пониски трошоци за сервисирање.

– Со секој ваков чекор градиме систем кој работи брзо, економично и во интерес на граѓаните. Скопје и скопјани заслужуваат современа услуга и достоинствен град. И со одговорно работење, тоа и ќе го добијат, нагласува Ѓорѓиевски. 

Можете да прочитате

Советниците со низа прашања за сообраќајот и јавните претпријатија – следната година 80 нови електрични автобуси за Скопје

Зелен хуман град“ предлага забрана на огномет во Скопје

Новогодишна прослава во Скопје со македонски изведувачи