Утрински Весник
Скопје

Општина Кисела Вода израдува 7.000 деца со новогодишни пакетчиња

608695157 1447701900696980 5236052050210919401 n.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во празнична и весела атмосфера, денеска во паркот „Шопен“, во рамки на манифестацијата „Новогодишна приказна“, Општина Кисела Вода организираше настан на кој беа поделени новогодишни пакетчиња за најмладите жители. Со оваа акција, вкупно 7.000 деца се израдуваа со бесплатни новогодишни пакетчиња, потврдувајќи ја континуираната грижа на општината за најмладите. Настанот беше исполнет со насмевки, детска радост и забава, со учество на Дедо Мраз, Гринч и разиграни аниматори.

Посебен сјај на програмата додадоа дечињата од градинките „8-ми Март“ и „Весели Цветови“ и учениците од основните училишта „Круме Кепески“ и „Невена Георгиева – Дуња“, кои настапија со музички точки. Присутните уживаа и во театарската претстава на „Отпишани“, додека Ди-Џеј Марио со труба создаде динамична и енергична атмосфера. Најголем впечаток кај децата остави спектакуларното појавување на Дедо Мраз, кој излезе од огромна кутија со помош на своите џуџиња.

Празничната атмосфера ќе продолжи и вечерва со новогодишниот базар, со настапи на Бока Конга и Боби Сакс, повторно Ди-Џеј Марио со труба, а вечерта ќе биде заокружена со хитови на Миле Кузмановски. Целиот настан ќе го води Миро Кацаров. Исто така, граѓаните се поканети утре на плоштад „Македонија“, каде што Град Скопје ќе организира голем заеднички пречек на Новата година, заедно да се прослават новите почетоци и радостите во годината што доаѓа.

Можете да прочитате

Каролина, Тамара, Куку Леле и Пајак – Скопје ја пречекува 2026 со богата програма

Изменет режим на јавниот превоз за новогодишните празници

Герасимовски: Фантастична предновогодишна вечер на Боемска, центарци со позитивна енергија влегуваат во 2026