Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Општина Кисела Вода и КС Сервис ДОО Битола донираат 50 ортопедски перничиња на пациентки со пост-мастектомија

Општина Кисела Вода и КС Сервис ДОО Битола донираат 50 ортопедски перничиња на пациентки со пост-мастектомија
300x250 opst2

Во рамки на активностите за одбележување на октомври како месец посветен на подигање на свеста за ракот на дојка, денес во општина Кисела Вода се одржа средба меѓу градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и Марија Кукуноска, директор за развој на КС- Сервис ДОО Битола и претставникот од истата компанија, Александра Војнески.

dobivaj vesti na viber

На овој работен состанок, на кој зедоа учество и Претседателот на Советот, како членови на Комисијата за еднакви можности на Кисела Вода, беа договорени повеќе настани и активности за зголемување на свесноста и подобрување на разбирањето за ракот на дојка, како една од најчестите малигни заболувања кај жените.

-Општина Кисела Вода активно се вклучува во борбата против оваа подмолна болест, заедно со компанијата КС Сервис ДОО Битола со донирање на 50 ортопедски перничиња на пациентки со пост-мастектомија. Со овој чекор, пред се’, сакаме да им пружиме, поддршка на нашите сограѓанки кои моментално се лекуваат и да им порачаме дека не се сами во нивната борба. Оставаме контакт телефон на кои тие слободно можат да не’ контактираат и се надеваме дека ова ќе им биде помош за полесно да го минат процесот на рехабилитација-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Перничињата за пост-мастектомија се специјално дизајнирани за да им помогнат на пациентките да заздрават после оперативниот зафат. Доволно е да се сместaт под рака и дел од градите и им помагаат тие да се чувствуваат заштитено и поудобно од појасот во автомобил, при пазарење, а обезбедуваат и заштита при извршување на нивните секојдневни обврски. Заинтересираните жени кои имаат потреба од вакво перниче можат да се јават на телефонскиот број 075/316-981.

Можете да прочитате

37 обвинети, 33 адвокати и 250 оштетени судењето за „Пулс“ ќе биде правен маратон

Забрчанец: Дали Мицкоски се правда или бара мандат кој ќе трае со децении?

Филипче од Свети Николе: СДСМ се бори Македонија да биде дом за сите, а не приватен имот на власта