Утрински Весник
Македонија

Општина Кисела Вода ги мие контејнерите на своја територија

Општина Кисела Вода ги мие контејнерите на своја територија

Од утрово сезонските работници ангажирани од Општина Кисела Вода ги мијат контејнерите на ЈП „Комунална хигиена“ во целата општина. Се дезинфицира и просторот околу нив, каде што беа создадени мини депонии.

dobivaj vesti na viber

„Дезинфекцијата што се спроведува од денес е неопходна за да се заштити населението бидејќи наталожениот смет, кој неколку дена стоеше расфрлен на улиците, на високите јулски температури, покрај тоа што е голем естетски проблем и произведе неподнослива миризба во главниот град, е потенцијален извор на заразни болести. Токму затоа, приоритет во миењето се дава на позициите што се во близина на детски градинки, на автобуските постојки, на главните улици, но ќе се опфатат и сите месни и урбани заедници“, велат од Општината.

Можете да прочитате

КОД открива: Фарма во Трубарево добила лиценца за отпад – зад неа стоеле „Нула отпад“ и „Ф-Групација“

Расипан клучниот радар во МНАВ, контролорите не ги гледаат авионите при слетување

Спасувачка акција на повредено лице над Горно Јеловце