Утрински Весник
Скопје

Општина Илинден потпиша договор за реализација на проект со бизнис секторот од стопански комплекс „Илинден“

Image 2026 03 23 132625770.png

Општина Илинден потпиша договор со компаниите од Стопанскиот комплекс „Илинден“ за реализација на значаен инфраструктурен проект за реконструкција на мостот на влезот во локалната економска зона во населба Илинден.

Станува збор за проект од исклучителна важност, кој директно влијае врз подобрување на пристапот и безбедноста во една од најзначајните економски зони во општината.


Реконструкцијата на мостот ќе придонесе за поефикасно одвивање на сообраќајот, олеснет транспорт на стоки и подобри услови за работа на стопанските субјекти. Со проектот се планира проширување и изградба на нов мост со широчина на коловоз од 7,5 метри и тротоар од 1,5 од едната страна, со што вкупната широчина на мостот ќе изнесува 9 метри и значително ќе ги подобри сообраќајните услови во зоната, каде постоечката широчина на мостот изнесува 4,5 метри.

Овој зафат е дел од пошироките активности на Општина Илинден во областа на локалниот економски развој, насочени кон модернизација и унапредување на јавната инфраструктура. Со ваквите инвестиции се создаваат услови за поголема конкурентност на компаниите, како и за привлекување нови инвестиции. Проектот има значење не само за деловната заедница, туку и за сите граѓани кои секојдневно го користат овој патен правец.

Општина Илинден и понатаму останува посветена на реализација на проекти кои обезбедуваат подобар квалитет на живот, современа инфраструктура и одржлив економски развој.  Како и на помош и поддршка на бизнис секторот во општината.

Можете да прочитате

Кисела Вода започнува акција за отстранување на хаварисани возила

Во Скопската Зоолошка градина одбележан Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Потпишан договор за изградба на нова поликлиника во Бутел