Утрински Весник
Скопје

Oпштина Илинден и оваа година ќе доделува субвенции за инвертер клими или соларни панели

Klima.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

И оваа година Општина Илинден објави Јавен повик за субвенции за купување на инвертер клими или соларни панели. Јавниот повик е според Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани на Општина Илинден за 2025 година која предвидува еднократна парична помош за набавка на инвертер клими или соларни панели на лица со постојано место на живеење на територија на општина Илинден.

Износот кој го доделува Општината како финансиска помош изнесува 50% од сумата за која е купена инвертер климата или соларниот панел односно  до максимум 10.000,00 денари по производ. Целта на повикот, како што истакна градоначалникот Александар Георгиевски е да се стимулираат граѓаните односно домаќинствата за употреба на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината.


Барањата од Јавниот повик ќе бидат разгледувани по редослед според датумот и времето на пристигнување. Право на учество на Јавниот повик има секој граѓанин со постојано место на живеење во општина Илинден кој ќе купи инвертер клима или соларен панел од денот на објавување на јавниот повик од 07.04.2025г. се до исцрпување на предвидените финансиски средства за таа намена. 

За сите дополнителни информации заинтересираните граѓани можат да се информираат директно во просториите на Општина Илинден или на официјалната веб страница ilinden.gov.mk.

Можете да прочитате

Левица-Аеродром: Зимзоленд сеуште работи – 24info.mk

Скопје на второ место во Европа по загаденост на воздухот

Без струја делови од Илинден, Аеродром, Карпош и Чучер Сандево