Утрински Весник
Економија

„И Здравје и работа“: Рударството паѓа, инвестициите стојат – државата мора да го ослободи развојниот потенцијал на Македонија

Izir.jpg

Најновите податоци на Државниот завод за статистика се уште едно сериозно предупредување дека македонското рударство не смее повеќе да биде оставено на маргините на економскиот развој.

Додека вкупното индустриско производство во јуни 2026 година пораснало за 6,5% во однос на истиот месец лани, производството во секторот „Рударство и вадење камен“ бележи пад од 3,8%.

Од „И здравје и работа“ сметаат дека овие бројки треба да бидат повик за сериозно преиспитување на односот на институциите кон рударскиот сектор.

Македонија има минерални ресурси, има стручни кадри и има заинтересирани инвеститори. Она што недостига е навремено институционално дејствување и создавање услови инвестициите да се реализираат во согласност со законите и највисоките стандарди за заштита на животната средина.

Повеќе од четири децении во земјата не е реализирана голема инвестиција во металичното рударство, а постојните капацитети постепено се соочуваат со исцрпување на ресурсите. Во исто време, глобалната побарувачка за бакар расте, а цената на овој метал надмина 14.000 долари за тон, што дополнително ја зголемува стратешката и економската вредност на домашните ресурси.

Во такви услови, проектот за рудникот за бакар „Иловица–Штука“ претставува една од најзначајните инвестициони можности за македонската економија. Според податоците објавени во медиумите, почетната инвестиција се проценува на околу 340 милиони евра, со потенцијал за значаен придонес кон БДП и извозот.

Од „И здравје и работа“ порачуваат дека државата не смее да дозволи Македонија да остане само набљудувач на глобалниот натпревар за критични минерали.

„Не бараме привилегии за ниту еден инвеститор. Бараме институциите да си ја завршат својата работа – да ги применат законите, да ги проверат сите еколошки и технички услови и, доколку тие се исполнети, да овозможат инвестициите да се реализираат,“ велат од иницијативата.

Од иницијативата истакнуваат дека заштитата на животната средина и економскиот развој не смеат да се поставуваат како спротивставени цели. Современото рударство мора да се реализира со строги еколошки стандарди, континуиран мониторинг и целосна институционална контрола.

„И здравје и работа“ упатува повик до Владата и надлежните институции да не дозволат стравот, шпекулациите или јавниот притисок да го заменат законското и стручното одлучување.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот од СДС несреќен поради успесите на државата, седум квартали раст на БДП над 3% и намален државен долг

Нема потреба од нови мерки, храната поевтинува велат од Министерство за економија

ФАО: Цените на храната во јули највисоки во последните три години