Утрински Весник
Скопје

Општина Илинден ги вклучува граѓаните во креирањето на Буџетот за 2025 година

Image 2024 11 12 103350848.png

И оваа година Општина Илинден ги вклучува граѓаните во креирањето на Буџетот за наредната година, такашто од денеска 12.11.2024 година до 29 ноември 2024 година ќе се реализира процесот на изработка на новиот Буџет за 2025 година.

Врвен приоритет на Општина Илинден е транспарентно и одговорно работење во служба на граѓаните.

Посветени на оваа цел, ги повикуваме  сите граѓани, претставници на граѓански здруженија и правни лица  за активно учество во креирање на новиот буџет со свои предлози за подобрување на условите за живот, да ги посочат предлозите, потребите и  проблемите со кои се соочуваат во општината.

Ваквата инклузивна можност со директно учество од страна на сите граѓани, здруженија и правни лица ќе овозможи ефективни механизми за подобрување на квалитетот на локалните услуги и ќе воспостави процеси на одговорност, транспарентност и отчетност на локалната власт.

Општина Илинден ги повикува и охрабрува  сите  граѓани предлозите преку  пополнување на анкетен лист да ги испратат по електронски пат на официјалната е-маил адреса ilinden@ilinden.gov.mk или директно во архивата на општината секој работен ден  до 29.11.2024 година.

Предлозите ќе бидат анализирани од соодветните одделенија, согласно финансиските можности, остварливоста и издржливоста на  проектите и ќе бидат интегрирани во нашите буџетски програми.

Можете да прочитате

Новогодишна бајка: Џевахир Мол блесна во новогодишно руво (ФОТО)

Теа Таировиќ го освои Скопје – спектакл се случи синоќа во арената “Борис Трајковски”

СДСМ: Хаосот во Скопје продолжува, Славевски и ДПМНЕ го окупираа советот и донесоа невалидни одлуки