Утрински Весник
Скопје

Општина Гази Баба објави повик за субвенционирање на граѓаните за вградување алтернативни уреди во возилата

Image 223243.jpg

Општина Гази Баба го објави јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за вградување на уреди за течен гас/метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата за 2025 година.

– Од денес 05.02.2025 година (среда), објавен е јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за вградување на уреди за течен гас/метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата за 2025 година. Преку субвенции, општина Гази Баба на граѓаните ќе им врати до 50 % од трошоците за купен и вграден уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилото, но не повеќе од 18.000 денари без вклучен персонален данок на доход по возило. Персоналниот данок на доход е на товар на Општина Гази Баба, информираше градоначалникот Бобан Стефковски.


Овој вид на субвенции, општина Гази Баба ги воведе минатата година во насока на стимулирање на граѓаните за вградување на уреди за течен нафтен гас и други алтернативни горива во возилата, а со цел намалување на загадувањето на воздухот од возилата.

Ги повикувам граѓаните на општина Гази Баба да ја искористат можноста и да аплицираат за добивање на субвенции, порача првиот човек на општината.

Можете да прочитате

Делови од четири скопски општини утре без струја

Герасимовски: Започна расчистување на дива депонија зад катната гаража Буњаковец

Герасимовски: Наместо лажни деманти, Комунална хигиена да си ја врши работата и да чисти