Утрински Весник
Македонија

Општина Делчево апелира за пријавување загадување на воздухот

Whatsapp Image 2024 12 19 At 08.57.03.jpeg

magla zagadenost vozduh soobrakaj

Општина Делчево упати апел до граѓаните, како и до правните и физичките лица, активно да пријавуваат случаи на загадување на амбиенталниот воздух, со цел заштита на животната средина и јавното здравје.

Од општината потсетуваат дека со закон е строго забрането користење гуми, стиропор, пластика, текстил, отпадни масла и друг вид отпад како огревен материјал, бидејќи при нивното согорување се ослободуваат токсични материи кои сериозно го загадуваат воздухот. Во наредниот период, општинските инспекциски служби најавуваат вонредни контроли, особено кај инсталациите каде се евидентираат зголемени емисии на штетни честички.

При утврдени неправилности ќе следуваат соодветни санкции, согласно законската регулатива. Според Законот за животна средина, сите инсталации се обврзани да поседуваат елаборати за заштита на животната средина, во кои е прецизирано дозволеното огревно средство. Дополнително, од општината нагласуваат дека е забрането текстилните фабрики да издаваат отпаден текстил на физички лица.

Можете да прочитате

Приведена жена од кочанско, возела со 2,63 промили алкохол во крвта!

Во Преспанско Езеро кај селото Наколец откриен редок органски материјал

Приведени осум лица, меѓу нив и малолетници – еве што најде полицијата кај нив