Утрински Весник
Скопје

Општина Центар воведува нови услуги за инклузија, ментално здравје и поддршка на младите во ризик

Centaropstina.jpg

Општина Центар објави јавен повик за финансиска поддршка на здруженија – даватели на социјални услуги, со цел да се обезбедат нови сервиси и поддршка за ранливите категории граѓани. Со повикот се поддржуваат програми што придонесуваат за инклузија, заштита на менталното здравје и превенција кај младата популација.

Средствата се наменети за следните сервиси и услуги:
-Индивидуализирани услуги со асистивна технологија за деца, млади и лица со сите видови попречености, вклучително и аутизам, преку обезбеден пристап до компјутер и интернет.
-Превенција и поддршка за млади во ризик од злоупотреба на дроги, преку психо-социјална, психотерапевтска и психијатриска поддршка за нив и нивните семејства, како и поддршка за млади во процес на ресоцијализација.
-Центар за ментално здравје кај деца, со обезбедување психо-социјална и дефектолошка поддршка.
-Зелена социјална работа со воведување на еколошка перспектива, со цел градење инклузивна и зелена средина и вклучување на младите и децата во активности со еколошка компонента.


Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека станува збор за услуги и сервиси со силен фокус на инклузијата и  еднакви можности за сите.

„Општина Центар обезбедува социјална заштита за ранливите категории и создава стимулативни услови за развој на младите. Преку ваквите програми даваме поддршка и помош таму каде што е најпотребна”, истакна Герасимовски.

Рокот за поднесување на пријавите е 10 дена од објавувањето на општинската веб-страница: https://www.centar.gov.mk/medija/soopshtenija-javen-povik/260403-javen-povik-za-pribirane-barana-za-koristene-sredstva-od

Можете да прочитате

Во недела поради улична трка во Скопје посебен режим на сообраќај

Почнува примената на новиот возен ред на ЈСП „Скопје“ за дел од автобуските линии во главниот град

Во недела 14. издание на Авицена женска трка