Утрински Весник
Македонија

Општина Центар: Поради безбедносни причини црквата „Св. Константин и Елена“ на улица Македонија ќе остане оградена

Општина Центар: Поради безбедносни причини црквата „Св. Константин и Елена“ на улица Македонија ќе остане оградена

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска оствари средба со поглаварот на МПЦ, Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан со кој разговараше за моменталната состојба со црквата „Свети Константин и Елена“, која се наоѓа на улица „Македонија“ и која сеуште е во градба.

dobivaj vesti na viber

Општина Центар на барање на МПЦ, нема да ги отстрани тарабите и истите ќе останат се до завршување на финалните работи на објектот, кои наскоро ќе бидат готови. Одлуката кругот на црквата да остане ограден е пред сѐ поради безбедносни причини со оглед на фактот дека над камбанаријата сѐ уште се извишува кран, велат од таму.

Додаваат дека Општина Центар ќе ги извести граѓаните и јавноста за сите следни чекори кои во иднина ќе предат преземени во однос на ова прашање.

Можете да прочитате

Министерот Мисајловски со честитка до македонските граѓани по повод 8. Септември – Денот на независноста

Натпросечно топло, но од четврток (11 септември) и нестабилно со врнежи и грмежи!

„Винчини“ ќе се обнови – „Макпрогрес“ ќе ги задржи сите вработени