Утрински Весник
Скопје

Општина Центар: Модернизација на уличното осветлување и електричната мрежа на потегот од ООУ „Ј.Х. Песталоци” до Романската амбасада

Opstina centar1.jpg

Општина Центар информира дека на 11.06.2026 година ЕВН започнува со реконструкција на мрежата за улично осветлување и електроенергетската мрежа за напојување на корисниците.

Првата фаза од активностите ќе се реализира на потегот од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци” до Романската амбасада, по што ќе следуваат и други фази од реконструкцијата.

Во рамки на активностите, секаде каде што е можно, старите дрвени бандери ќе бидат демонтирани, а напојувањето ќе се врши преку нови подземни кабли. По завршувањето на земјените работи, тротоарите ќе бидат целосно обновени и реконструирани.

Со реконструкцијата ќе се обезбеди посигурно и поквалитетно снабдување со електрична енергија, ќе се намали ризикот од дефекти, пожари и непланирани прекини, а ќе се создадат и услови за приклучување на нови корисници на мрежата.

Општина Центар апелира до граѓаните за разбирање и трпение за време на реализацијата на активностите.

Можете да прочитате

Општина Кисела Вода субвенционира набавка на пелети и печки на пелети

Левица: Ѓорѓиевски и Цветковски преку фондација „Скопје – европска престолнина на културата” го претвараат во приватен проект

Бесплатни униформи за сите ученици во прва година од средните училишта