Утрински Весник
Скопје

Општина Центар и Нула Отпад во еко акција за правилно селектирање на е-отпадот и заштита на животната средина

Whatsapp Image 2024 09 26 At 13.03.59 B78a40d6.jpg

Општина Центар и “Нула Отпад” со низа активности и под  мотото „Пренеси ја пораката, одиме во лов на електронски отпад “  ќе ја подига свеста кај најмладите за правилно селектирање на е-отпадот и заштита на животната средина.

Во рамките на овој заеднички проект, во сите основни училишта во општината е поставена за инфраструктура од контејнери ситен електронски отпад и отпадни батерии, а од 1-14 октомври се предвидени работилници наменети за едукација на децата за собирање и селектирање на овој вид отпад.

На работилниците во ООУ „Киро Глигоров“ наменети за второоделенците денеска се приклучи и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

„Децата од мали нозе стекнуваат навики за правилно постапување со електронскиот и други видови отпад. Тие брзо учат како да собираат и селектираат и во тој поглед се посовесни и поодговорни од возрасните. Јас, како градоначалник, давам целосна поддршка на вакви акции што придонесуваат кон заштита на нашето здравје и околината“, рече Герасимовски.

Паралелено со едукацијата на децата како еко амбасадори кои пораката ќе ја пренесат дома, достапна услуга за селекција и рециклирање на овој вид на отпад за граѓаните е Еко Линијата 070 236 000, каде граѓаните секој ден можат да пријават и погабаритен стар електричен или електронски отпад од своите домови и компании, и истиот да биде бесплатно преземен и правилно третиран без да биде закана по здравјето на луѓето и квалитетот на животната средина воопшто.

Здружената акција на Општина Центар и Друштвото за управување со отпад “Нула Отпад”  се спроведува во пресрет на 14 Октомври, Меѓународниот ден на електронскиот отпад.

Можете да прочитате

Се реконструира улицата ,,Светозар Марковиќ” во Центар

„Комунална хигиена“ во февруари собрала 11.000 тони комунален отпад

Братот и вујко на загинатите мајка и ќерка во скопски Карпош се огласи – тие беа жртви на семејно насилство