Утрински Весник
Скопје

Општина Центар ќе острани 10 диво поставени објекти

Whatsapp image 2025 11 07 at 14.38.12.jpeg

Инспекциските служби на Општина Центар спроведоа вонредни инспекциски надзори на плоштадот „Филип Втори” и на влезот на Старата скопска чаршија.

„При контролата беше утврдено постоење на повеќе диво поставени и заградени објекти. За истите се донесени решенија за нивно отстранување, во рок од 5 дена“ наведуваат од општината.

Доколку сопствениците не ги отстранат објектите во наведениот рок, Општина Центар ќе пристапи кон нивно отстранување.

Градоначалникот Горан Герасимовски истакна дека општината останува посветена на одржување на јавниот ред и достоинствениот изглед на строгиот центар на градот.

„Општина Центар нема да дозволи узурпирање на јавен простор. Ќе продолжиме со континуирани контроли за да го зачуваме редот, безбедноста и автентичниот изглед на просторот,” посочи Герасимовски.

Можете да прочитате

Се реконструира улицата ,,Светозар Марковиќ” во Центар

„Комунална хигиена“ во февруари собрала 11.000 тони комунален отпад

Братот и вујко на загинатите мајка и ќерка во скопски Карпош се огласи – тие беа жртви на семејно насилство