Утрински Весник
Скопје

Општина Аеродром започна со уредување и реконструкција на ТЦ во Лисиче

Image 2026 03 17 131606224.png

Општина Аеродром започна со реконструкција и уредување на просторот во Трговскиот центар во Лисиче, којшто по подолг период, конечно добива нов, модерен и уреден изглед.

Трговскиот центар претставува едно од главните јадра во овој дел од Аеродром, место каде што секојдневно гравитираат голем број граѓани и кое има значајна улога во локалното секојдневие.


Со проектот се поставуваат нови павер-елементи во централниот дел, како и на пристапните патеки, на површина од околу 6 000 квадратни метри. Дотраените површини се заменуваат со квалитетни и издржливи материјали, што значително ќе ја подобри функционалноста и естетиката на просторот.

Просторот ќе биде и хортикултурно збогатен и опремен со нова урбана опрема.

Исто така, во трговскиот центар ќе бидат поставени и маси за шах, како и детско игралиште за пријатен престој и дружење на сите генерации.

Станува збор за капитален инфраструктурен проект, реализиран со поддршка од Владата, во вкупна вредност од 22,2 милионa денари.

По подолг период, жителите на Лисиче добиваат уреден и побезбеден трговски центар – простор што секојдневно го користат голем број граѓани и претставува важен дел од локалното живеење.

Продолжуваме со инвестиции што го подобруваат квалитетот на животot и го разубавуваат Аеродром.

Можете да прочитате

Општина Илинден објави Јавен повик за бесплатни агрохемиски анализи на обработлива почва

Голем дел од Скопје утре без струја

Бесплатен „Wi Fi“ во паркот Јане Сандански во Аеродром