Утрински Весник
Македонија

Општина Аеродром со препорака до учениците: Да не носат мобилни телефони за време на настава

Telefon Shkolo.jpg

Општина Аеродром донесе препорака учениците од прво до деветто одделение во сите основни училишта да не ги поседуваат кај себе и да не ги користат мобилните телефони за време на наставата.

Имено, се препорачува учениците при влез во училиштата да ги оставаат своите мобилни апарати во посебно означени кутии сместени во посебни простории во рамките на училиштата, од каде ќе можат да ги земат по завршување на наставата.

„Доколку вработените во училиштата увидат дека некој ученик поседува и втор телефон може да го одземе и да го врати на родителите или старателите.

Ваквата препорака е донесена по спроведените консултации со директорите и стручните служби на училиштата, по што Општина Аеродром покрена иницијатива која наиде на поддршка од страна на училишните одбори и од советите на родители.

Со оваа препорака имаме за цел да ги заштитиме нашите ученици од несоодветни, непристојни, па дури и опасни содржини што секојдневно се шират по одредени социјални мрежи кои за жал се пресликуваат и во нашата реалност. Исто така, очекуваме учениците со поголемо внимание и фокусираност да ги следат предавањата на часовите со што ќе се подобри образовниот процес, но и да развијат поголема друштвеност и емпатија меѓу себе и ќе се избегнат потенцијалната мобингот и меѓуврсничкото насилство.

Оваа препорака е во насока и на истражувањата спроведени од страна на Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО), од каде во јули 2023 година укажаа на негативните ефекти од употребата на паметни телефони врз процесот на учење. УНЕСКО советува за соодветна употреба на технологијата во училиштата.

Нашите ученици се нашата иднина и ние сме одговорни да ги обезбедиме сите потребни услови во кои тие ќе имаат правилен раст и развој. Токму затоа со големо внимание и посветеност го следиме спроведувањето на воспитно-образовниот процес и работиме на подобрување на условите во нашите училишта“, велат од општината.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ бара најстрога казна за возачот кој ја усмрти Фросина и повикува институциите да постапуваат според закон

ВМРО-ДПМНЕ бара на најстрога казна за возачот кој усмрти 22 годишна девојка на Партизанска

Изет Меџити: Србија е полудемократски режим