Утрински Весник
Скопје

Општина Аеродром расчистува долгогодишни запоставени објекти поранешниот ресторан „Мекдоналдс“

Mekdonalds.jpg

Екипите на Јавното претпријатие денеска ја расчистуваат локацијата на поранешниот ресторан „Мекдоналдс“, која се наоѓа на приватно земјиште со запишан објект.

Иако сопствениците добија налог да ја исчистат оваа со години запуштена локација, тоа не беше направено. Поради тоа, на терен излегоа комуналните екипи на Општината.

По уредувањето, Јавното претпријатие ќе достави фактура до сопствениците со износот за извршените работи. Општина Аеродром останува посветена на чиста, безбедна и уредна средина и ќе продолжи решително да реагира секаде каде што сопствениците не постапуваат согласно со законските обврски.

Можете да прочитате

Без струја денес неколку делови од Скопје

Апел за помош: Синот го бара исчезнатиот татко – дошол вчера во Скопје и му се изгубил секој траг

Координативна средба на Ѓорѓиевски, Муцунски и Љутков за Скопје – Европска престолнина на културата 2028