Утрински Весник
Македонија

Општина Аеродром: Инспекциската постапка за „Зимзоленд“ е во тек

Img 2921.jpeg

Во врска со „Зимзоленд“, Општина Аеродром ја информира јавноста дека инспекциските служби професионално и посветено постапуваат во рамките на своите надлежности. Инспекциската постапка е отпочната на 28.11.2025 година, а во моментов се разгледуваат сите факти и околности што се однесуваат исклучиво на одобрението за поставување урбана опрема.

По завршување на постапката, од Општината ќе бидат преземени соодветни мерки според законските основи, доколку се утврди потребата за тоа.

Се нагласува дека земјиштето на кое е поставена манифестацијата е во приватна сопственост, а Општина Аеродром не е организатор ниту учесник во програмските активности на „Зимзоленд“.

Вашата доверба и спокојство се од големо значење за нас. Транспарентноста и отвореноста остануваат водечки принципи на Општината, а внимателно следиме сите активности за да обезбедиме сигурна, уредна и пријатна средина за сите жители на Аеродром.

Можете да прочитате

Николова до Лабудовиќ: Кој ќе понесе одговорност за затруените работници во РЕК Битола?

Четири лица приведени за семејно насилство

Камери на улиците во Велес: Се поставува опрема за проектот „Безбеден град“