Утрински Весник
Спорт

Општа тепачка на мечот меѓу КК Чаир 2030 и КК ТФТ

236426 Opshta Tepachka Na Mechot Megju Chair 2030 I Tft Vletale I Navivachi Vo Teren.jpg

Пријателскиот натпревар во СРЦ „Кале“ меѓу ТФТ Скопје и Чаир 2030 не го дочека својот крај, откако дојде до скандал и прекин поради физичка пресметка.

По една ситуација тренерите на двата тима Боро Смилковски и Ерхан Рамадан влегоа во дискусија. Тоа ги зовре страстите на трибината, дел од навивачите на Чаир почнаа да му довикуваат на противничкиот тренер и му се закануваа.

Тогаш во ситуацијата се вмеша најискусниот во таборот на ТФТ, Едис Нури, по што дојде и до физичка пресметка.

Мешаницата на трибините ескалира и се разменија удари, а потоа ситуацијата се смири. Натпреварот беше прекинат и не се доигра до крај, иако имаше останато уште околу две минути.

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига