Утрински Весник
Магазин

Џони Деп заинтересиран да купи паб во Англија

Џони Деп заинтересиран да купи паб во Англија

Џони Деп фрлил око на паб во Обединетото Кралство во сопственост на свршеницата на најдобриот британски пекар и ТВ-презентер Пол Холивуд, огласен за продажба за цена 1,2 милион долари, дознава „Сан“.

dobivaj vesti na viber

Ѕвездата на „Пиратите од Карибите“ (59), кој неодамна го напушти Лос Анџелес за мирен живот во англиско село, наводно е многу заинтригиран да го купи „Чекерс ин“.

Весникот пренесува дека Деп е голем обожавател на овој локал, кој го води Мелиса Спалдинг (38), партнерка на славниот пекар и слаткар уште од 2019 година.

Деп (59) е близок пријател со илустраторот Ралф Стедман за кој се вели дека го информирал за продажбата на „Чекерс ин“ во Смарден, во близина на Ешфорд, Кент.

„Деп го обожава пабот со години. Тој ја сака историјата и претходно зборуваше дека сака да купи паб“, открива извор за весникот.

Можете да прочитате

Кинески тренери почнаа обука на роботи кои самостојно ќе извршуваат домашни работи

Доцната вечера може да му штети на црниот дроб

Истражување: Доктори со поделени мислења за лековитото дејство на канабисот при несоница