Утрински Весник
Спорт

Џон Вол (сепак) не доаѓа во Европа

Џон Вол (сепак) не доаѓа во Европа

НБА ѕвездата, Џон Вол ги дематираше информациите дека кариерата ќе ја продолжи во Европа. Вчера, голем број на релевантни медиуми објавија дека Вол кариерата ќе ја продолжи во Олимпија Милано.

dobivaj vesti na viber

„Од каде ги добивате овие информации? Ова се лажни вести!“, напиша Вол, на социјалните мрежи.

Џон Вол има 32 години, во текот на кариерата десет години играше за Вашингтон, Хјустон и ЛА Клиперс. Минатата сезона имаше просек од 11,4 поени и пет асистенции по натпревар. Во кариерата неговиот просек е 18,7 поени по натпревар.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина