Утрински Весник
Свет

ОН: Во изминатите два дена нема помош за Газа од доковите изградени од САД

2024 05 16t200154z 88501105 Rc2ur7ay0y8r Rtrmadp 3 Israel Palestinians Aid.jpg

По инцидентот во кој во саботата беше земена хуманитарна помош и храна од 11 од 16 камиони, Обединетите нации не добија никаква помош во изминатите два дена од пристаништето што го изгради американската влада во Газа, изјави денеска неименуван претставник на ОН.

„Треба да се увериме дека потребната безбедносна логистика ќе биде поставена пред да продолжиме“, изјави неименуван претставник на ОН.

Пратките со помош почнаа да пристигнуваат на пристаништето изградено од САД во петокот, бидејќи Израел се соочува со зголемен глобален притисок да дозволи поголема хуманитарна помош во окупираната палестинска енклава каде што Палестинците гладуваат.

Претходно денеска египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри предупреди дека прекинот на испораката на хуманитарна помош за Палестинците преку преминот Рафа меѓу Египет и Појасот Газа е поврзан со заканата од израелските воени операции во областа.

Можете да прочитате

Зеленски му го одзеде украинското државјанство на митрополитот Онуфриј поради врски со Русија и поддршка на московската патријаршија

Си-би-ес ќе му исплати 16 милиони долари на Трамп

Романски европратеник побара гласање недоверба на ЕК