Утрински Весник
Спорт

Џон Тери ќе биде нов тренер на Ал-Шабаб?

Џон Тери ќе биде нов тренер на Ал-Шабаб?
Dik 300x250 mk

Легендарниот англиски фудбалер Џон Тери се наоѓа пред преселба во Саудиска Арабија. Медиумите на Островот тврдат дека тој е во финални преговори да седне на клупата на Ал-Шабаб и да тргне по стапките на Стивен Џерард со кого во минатото играа заедно во селекцијата на Англија.

dobivaj vesti na viber

Раководството на Ал-Шабаб веќе два месеци води преговори со Џон Тери и наводно тие се веќе финализирани. Се очекува и конечната нова одлука пред да се пресели во Саудиска Арабија.

За Џон Тери тоа исто така би бил своевиден напредок во тренерската кариера, прв клуб во кој би работел самостојно како шеф на стручниот штаб. Досега тој беше асистент тренер во Астон Вила и во Лестер, а последната година ја мина како консултант во младинската академија на Челси.

Можете да прочитате

Беќири: Ваквите победи се послатки

Осимен блесна со два гола за Галатасарај, Атлетик Билбао со пресврт до први бодови во Лигата на шампионите

ЕХФ воведува ново натпреварување на ниво на репрезентации