Утрински Весник
Свет

ОН: Израел напаѓа хуманитарни конвои во Газа

Gaza.png

Израелските сили „систематски“ го блокираат пристапот до луѓето во Појасот Газа на кои им е потребна хуманитарна помош, што ја отежнува и онака тешката задача за испорака на таа помош во хаотичната воена зона, предупредија денеска ОН.

Стана речиси невозможно да се изврши медицинска евакуација и да се испорача помош на северот на Појасот Газа и сè потешко на југ, изјави за новинарите во Женева портпаролот на Канцеларијата за координација на хуманитарни прашања (OCHA), Јенс Лаерке.

Сите конвои со помош планирани за север беа одбиени од израелските власти во последните недели, а последниот што доби одобрение беше на 23 јануари, според Светската здравствена организација (СЗО). Дури и конвоите кои добија одобрение од израелските власти беа блокирани и нападнати неколку пати.

Лаерке го наведе како пример инцидентот што се случи во неделата кога конвојот на СЗО и палестинската Црвена полумесечина, кој требаше да ги евакуира пациентите од опколената болница Ал Амал во Кан Јунис, беше блокиран со часови, а работниците за итна помош беа уапсени.

„И покрај претходна координација со израелските власти за сите членови на персоналот и возилата, израелските сили го блокираа конвојот на СЗО неколку часа веднаш штом ја напушти болницата“, рече тој.

„Израелските војници ги принудија пациентите и персоналот да излезат од амбулантата и ги принудија членовите на медицинскиот персонал да се соблечат“, додаде тој, прецизирајќи дека конвојот со 24 пациенти бил блокиран седум часа.

После тоа беа уапсени тројца членови на палестинската Црвена полумесечина, иако израелските сили однапред ги добија нивните информации, додаде тој, истакнувајќи дека досега само еден од нив е ослободен. „Ова не е изолиран инцидент“, нагласи тој.

„Беа нападнати конвои со помош и систематски им се забранува пристап до луѓето на кои им е потребна помош.

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков