Утрински Весник
Свет

ОН ја прекина помошта во храна за два милиони Авганистанци: „Немаме доволно средства“

ОН ја прекина помошта во храна за два милиони Авганистанци: „Немаме доволно средства“

Светската програма за храна на Обединетите нации во Авганистан е принудена да направи кратења во септември поради големиот недостиг на средства, што ќе погоди уште 2 милиони луѓе, се вели во соопштението на организацијата.

dobivaj vesti na viber

„Со малкуте ресурси што ни останаа, не можеме да им служиме на сите луѓе кои се на работ на апсолутна сиромаштија“, рече Хсијао-Веи Ли, директор на WFP за Авганистан. Кратењата значат дека 1,4 милиони бремени жени и нивните деца повеќе нема да добиваат специјализирана храна наменета за спречување на неухранетост, соопшти агенцијата.

„За следните шест месеци, WFP има потреба од 1 милијарда долари за да обезбеди храна и поддршка за 21 милион луѓе“, се додава во соопштението.

Авганистан страда од последиците од 40 годишниот конфликт, осакатена економија и ефектите од климатската криза, анализираат медиумите. WFP ги повика земјите донатори да дадат приоритет на финансирањето за хуманитарни операции на годишното Генерално собрание на ОН во Њујорк оваа есен.

Можете да прочитате

Мал авион се урна во австриските Алпи – четири лица загинаа

Големо невреме ја погоди Турција: Авион принудно слета по удар од гром

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 27, меѓу кои девет деца и директорката на кампот