Претседателот на македонскиот фудбалски прволигаш Шкупи, Олгун Ајдин го напушта клубот од Чаир.
Во продолжение целото соопштение на фудбалскиот клуб Шкупи за јавноста:
Претседателот Олгун Ајдин најави заминување од ФК Шкупи преку заедничка вечера со своите вработени. Истиот предупреди на такво нешто веднаш по мечот со Вардар, а тоа веќе ја доби вистинската форма.
Олгун Ајдин го презеде клубот од Скопје да го спонзорира од 2018 година, додека во првата сезона обезбедивме излез во Европа. Со Олгун Ајди како претседател, ФК Шкупи покрај тоа што играше пет последователни сезони во Европа, во 2022 година беше прогласен за шампион, враќајќи го трофејот на најдобриот во Чаир и по 21 година.
Ова се бројките кои говорат за успесите на нашиот клуб под водство на претседателот Олгун Ајдин, кој во понеделникот преку видео снимка го најави својот последен настап – стои во соопштението на ФК Шкупи.
Во прволигашкиот шампионат Шкупи после 14 кола е на шестата позиција со 16 бодови, 11 помалку од водечките Шкендија, Гостивар и Силекс.