Утрински Весник
Скопје

ОКТА со донација за целите на кампањата за борба против гладот на Црвениот Крст на Град Скопје

20241120091829 Big 730x400 41.webp.webp

ОКТА АД – Скопје, во рамки на својата долгорочна определба за општествено одговорно делување, повторно ја поддржа кампањата на Црвениот Крст на Град Скопје „Помислете на нас“ која ја промовира потребата за борба против гладот. Донираните средства ќе бидат наменети за набавка на основни прехранбени производи кои ќе бидат дистрибуирани до социјално најранливите категории граѓани. Компанијата активно соработува со Црвениот Крст повеќе од 15 години, континуирано придонесувајќи во различни хуманитарни иницијативи кои ги спроведува организацијата.

Кампањата „Помислете на нас” е дел од традиционалното обележување на Светскиот ден на храната, востановен во 1979 година од страна на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите Нации (ФАО), кој ги поттикнува напорите за намалување на гладот и сиромаштијата на глобално ниво. Преку оваа соработка со Црвениот Крст, ОКТА ја покажува својата одговорност и грижа за заедницата во која делува, фокусирајќи се на поддршка на оние на кои им е најпотребна.

„Горди сме што ОКТА континуирано ја поддржува оваа важна кампања на Црвениот Крст и со својата донација придонесува кон зајакнување на грижата за ранливите категории во нашата заедница,“ истакна Антонио Велковски, претседател на организацијата на Црвен Крст при ОКТА. „Нашата цел е да направиме значајна разлика во животот на оние на кои им е потребна поддршка и заедно да градиме посилно и посолидарно општество.“

Со оваа иницијатива, ОКТА останува посветен партнер на Црвениот Крст и поддржувач на општествените иницијативи што имаат за цел да ја подобруваат благосостојбата на сите членови на заедницата.

Можете да прочитате

Општина Центар бара институционално решение за ученикот со предизвици во однесувањето

Хуманитарен настан „Дарежлив вторник“ во Лабораториум

Герасимовски: Бесплатниот транспорт до болница за лицата со попречености искористен 197 пати