Дваесет и четирикратниот гренд слем победник Новак Ѓоковиќ го коментираше поразот од Шпанецот Карлос Алкараз во финалето на Вимблдон во 2024 година.
– Ова очигледно не е резултатот што го посакував. Во првите два сета моето ниво не беше на соодветното ниво. Но, мора да му оддадеме заслуга на Карлос, тој прикажа одлична игра. Се обидов да извршам притисок врз него. Спасив три меч топки за малку да го продолжам натпреварот, но тоа не се случи, изјави Ѓоковиќ по мечот со Алкараз.
Воедно, Србинот истакна дека генерално е задоволен од настапот на Грен слемот во Лондон.
– Треба да бидам многу горд. Сега сум малку разочаран, но кога ќе помислам на последните две недели и низ што поминав со мојот тим и семејството, морам да кажам дека сум многу среќен, додаде тој.
Српскиот тенисер настапи на Вимблдон по повреда. На Ролан Гарос го повреди менискусот, поради што мораше да се повлече од четвртфиналниот натпревар на турнирот против Данецот Каспер Руд.
Триесет и седумгодишниот Ѓоковиќ првпат во кариерата загуби две финалиња на Вимблдон по ред: во 2023 година загуби исто така од Алкараз.
Ѓоковиќ по поразот во финалето на Вимблдон од Карлос Алкараз изјави дека има намера да игра на Олимписките игри и се надева дека ќе се бори за медал.
„Продолжувам понатаму, имам намера да играм на Олимписките игри, се надевам дека ќе се борам за медал. Подлогата е друга, таму се повредив. Да видиме како ќе се чувствувам психички и физички, се надевам дека ќе можам да го најдеме вистинскиот тенис“, рече Ѓоковиќ на прес-конференцијата по финалето на Вимблдон.
„Олимписките игри и УС Опен се главните цели, се надевам дека ќе бидам на најдобро ниво на тие турнири. Тоа ми даде самодоверба да стигнам до финалето на Вимблдон. Синер и Алкараз се убедливо најдобри оваа година и чувствувам дека сум не на тоа ниво За да имам шанса да ги победам на ОИ или на УС Опен, ќе треба да играм многу подобро и да се чувствувам подобро “, заклучи Ѓоковиќ.