-Факт е и дека играв против Синер, кој е во одлична форма, тој ја наметна играта, малку поинакви услови, главно завршницата ја играм навечер… Има многу работи, но глупаво би било да барам изговори. Бев надигран, ќе подадам рака. Жал ми е што играв многу под моето ниво, но спортот е таков, рече Ѓоковиќ и продолжи: -Не знам како ќе се одвиваат работите понатака. Кога го напуштате теренот по пораз, главата ви е вжештена, се борите да бидете рационални, но толку многу нерационални работи се случуваат во вашата глава. Кога ќе се смирам, ќе видам на кои турнири ќе продолжам. Се обврзав да играм оваа сезона и приоритет да ми бидат најголемите турнири и ОИ. Ќе видиме дали нешто ќе се смени, во оваа фаза од кариерата и животот можеби се поочекувани некои изненадувачки одлуки отколку пред 10 години, изјави освојувачот на 24 гренд-слем турнири.