Утрински Весник
Македонија

Околу половина час се чека за излез од државата на премините „Дојран“ и „Табановце“, ГП Евзони блокиран за сообраќај

20251206103114 big 730x400 78.webp.webp

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Граничниот премин Евзони (ГП Богородица) вечерва е повторно блокиран за сите видови возила поради штрајк на грчките земјоделци.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Како што информира АМСМ, на граничниот премин „Дојран“ за излез од државата се чека 30 минути. На граничниот премин „Табановце”, пак, времето на чекање за излез од државата е 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде што има можност од појава на одрони.

-Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, соопшти АМСМ.

Можете да прочитате

Приведен возач на автобус, управувал без возачка дозвола

ОJO со детали за физичката пресметка пред угостителски објект во Скопје, покрената истражна постапка

Маж од гостиварско ја следел поранешната девојка и преку лажни профили и упатувал закани