Утрински Весник
Свет

Околу 80 студенти уапсени на пропалестински протест во САД

04e8008e 60da 4617 813b 99e8892bc9dd.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Полицијата, на барање на службеници на Универзитетот Колумбија, вчера уапси десетици студенти кои окупираа дел од главната библиотека на колеџот во еден од најголемите пропалестински протести на кампусот од минатогодишниот бран протести против израелската војна во Газа.

Видеата и фотографиите на социјалните мрежи покажуваат демонстранти, повеќето со маски, како стојат на маси, удираат тапани и држат транспаренти на кои пишува „За Газа“. Ен-би-си Њуз објави дека се уапсени најмалку 78 студенти.


Американскиот претседател Доналд Трамп остро го критикуваше Универзитетот за пропалестинските протести на кампусот минатата година, велејќи дека тие биле антисемитски и дека Колумбија не успеала да ги заштити еврејските студенти.

Универзитетот Колумбија синоќа објави дека побарал помош од полициската управа на Њујорк „за обезбедување на зградата“ и дека двајца од неговите службеници за јавна безбедност се повредени во конфронтацијата.

Портпаролот на полицијата во Њујорк потврди „повеќе апсења“ на демонстранти кои ја окупираа библиотеката, но не даде точен број.

„Секој има право на мирен протест. Но, насилството, вандализмот или уништувањето на имотот се целосно неприфатливи“, објави гувернерката на Њујорк, Кети Хочул, на социјалните мрежи.

Можете да прочитате

Тројца загинати по експлозија во Москва

Папата Лав XIV повика на божиќно примирје низ целиот свет

Воена делегација од Либија загина во авионска несреќа јужно од Анкара