Утрински Весник
Свет

Околу 70.000 пензионери кои немаат 15 години стаж отсега ќе добиваат делумна пензија, вели Курти

Курти на средба со КФОР и ЕУЛЕКС: Не смее да има барикади на патиштата
Dik 300x250 mk

Косовскиот премиер Албин Курти најави дека по усвојувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за државните пензиски шеми, оние кои не го исполниле условот од 15 години стаж до почетокот на 1999 година, сега ќе добиваат делумна пензија.

dobivaj vesti na viber

„Собранието на Републиката во прво и второ читање го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за државните пензиски шеми со кој се додава нова пензиска шема, пензија со делумни придонеси. Околу 70.000 пензионери кои доколку немале насилно дале отказ во 90-тите, ќе се вработеле до 1 јануари, во 1999 година достигнале услов од 15 години стаж, отсега ќе добиваат делумна пензија“, напиша Курти на Фејсбук.

Како што вели тој, следен чекор ќе биде целосна пензиска реформа заедно со социјалната реформа.

 

Можете да прочитате

Над 80 милиони евра е вредноста на накитот украден од Лувр

Венс во Израел: Ако Хамас не се разоружа, ќе го уништиме

Француската морнарица запленила 2,4 тони кокаин