Утрински Весник
Свет

Околу 6.500 луѓе евакуирани на индонезискиот остров Флорес поради активирање на вулкан

Vulkan 1 e1705308901593

Во Индонезија околу 6. 500 луѓе се евакуирани на островот Флорес, откако вулканот Левотоби исфрли густи облаци пепел во последните денови, соопштија денеска локалните власти.

Засега нема извештаи за можни повредени или поголема материјална штета. Вулканот еруптираше 40 пати од неделата, исфрлувајќи облаци од пепел и пареа високи од 500 до 1. 500 метри.

Властите минатиот вторник го подигнаа нивото на тревога на највисоко ниво. Надлежните ја повикаа локалната заедница и туристите да останат на растојание од четири километри од зоната на ерупција.

Левотоби е еден од 120-те активни вулкани во Индонезија.

Во меѓувреме, на индонезискиот остров Суматра, вулканот Марапи вчера повторно еруптираше, вторпат од декември, исфрлајќи чад и пепел високо во воздухот.

Најмалку 100 жители се евакуирани од петокот поради вулканот Марапи.

 

Можете да прочитате

Иран нема да отстапи под притисок во нуклеарните преговори со САД

Муцунски телефонски разговарал со новата министерка за надворешни работи на Бугарија

Затруени повеќе од 100 бебиња во Европа од токсин во адаптирано млеко