Утрински Весник
Македонија

Околу 30 илјади патници минале на ГП „Ќафасан“ во последните три дена

Granicen premin makedonija albanija.jpg

На граничните премини на македонско-албанската граница, посебно на преминот „Ќафасан“ кај Струга, продолжува големиот проток на патници и возила.

– Во текот на изминатите три дена, околу 30 илјади патници и над 11 илјади возила влегле и излегле преку овој граничен премин. Поголемиот дел од патниците се странски државјани кои го избираат албанскиот брег за своите летни одмори, објавија албански медиуми.


За да се справат со овој проток, граничните власти ставиле во функција четири шалтери за граѓани и еден шалтер наменет за тешки товарни возила.

Зголемена фреквенција се бележи и на граничниот премин „Блато“, кај Дебар, што, по изградбата на автопатот „Патот на Арбр“ (Руга е Арбрит) сè помасовно се користи, поради намалената оддалеченост, на само 70 километри, од преминот до Тирана.

На овој премин, според македонското МВР,  во првите шест месеци од годинава, забележана е историски рекордна фреквенција, односно минале 574.737 патници што е за 55 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година, кога биле регистрирани 370.827 патници.

Можете да прочитате

Под контрола два пожари на отворен простор

Апасиев во Крушево: Борбата е вечна, победата неизбежна

Делегација на СДСМ предводена од генералниот секретар Димитријевиќ оддаде почит во Пелинце по повод Денот на Републиката