Утрински Весник
Свет

Околу 25 тони радиоактивен отпад истече од нуклеарната централа Фукушима-1

20240814094327 Big 730x400 14.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Околу 25 тони вода, загадена со радиоактивен отпад, истекоа од блок два на јапонската нуклеарна централа Фукушима-1, објавија утринава јапонските медиуми, повикувајќи се на енергетската компанија „Tokyo Electric Power“. 

Увидот на зградата на реакторот откри дека околу 25 тони вода истекле во подрумите преку канализацијата. Не е откриено надворешно истекување.

Се наведува дека робот ќе се користи за подетален преглед.

Нуклеарната катастрофа во 2011 година во нуклеарната централа Фукушима-1 беше предизвикана од цунами предизвикано од земјотрес што ги уништи генераторите за итни случаи кои обезбедуваат енергија за ладење на реакторите.

Плановите предвидуваат нуклеарниот објект целосно да биде деактивиран до 2050 година. 

Можете да прочитате

Лавров: САД ни ветија украинска територија

Будимпешта го блокира годишниот документ за проширување на ЕУ поради Украина

Силни безбедносни гаранции од Европа и САД се услов за мировен договор, порача Зеленски