Утрински Весник
Спорт

Јокиќ се врати и со Вестбрук испишаа историја

Untitled 42.jpg

Денвер го совлада Бруклин со 124:105, во натпревар во кој Никола Јокиќ и Расел Вестбрук испишаа историја во НАБ лигата.

Јокиќ се врати во тимот на Денвер, откако поради болест пропушти два натпревари. Натпреварот го заврши со 15. трипл-дабл сезонава. Актуелниот МВП имаше 35 поени, 12 скока и 15 асистенции.


Двоцифрен во три статистички категории беше и ветеранот Вестбрук (25 поени, 11 скока и 10 асистенции).

Ова дуо по трипл-дабл забележа и пред новогодишната ноќ во Солт Лејк Сити кога Денвер ја победи Јута Џез со 132:121. Против Бруклин станаа првиот тандем соиграчи што забележал трипл-дабл на два натпревари во иста сезона.

Мајкл Портер Јуниор го постигна 17 поени, Џулијан Стротер додаде 12, а Кристијан Браун постигна 11 поени.

Кион Џонсон го предводеше Бруклин со 22 поени, Тајрис Мартин постигна 17, Ноа Клуни 15, а заборавениот Бен Симонс имаше десет поени и седум асистенции.

Резултати:

Индијана – Голден Стејт 108:96
Орландо – Милвоки 106:109
Филаделфија – Њу Орлеанс 115:123
Бостон – Сакраменто 97:114
Њујорк – Оклахома 101:126
Чикаго – Вашингтон 138:105
Денвер – Бруклин 124:105

Можете да прочитате

Претседателот на Севилја удри по Реал и Барселона: За нив правилата не важат

Дејвид Мојс по 12 години се врати во Евертон

Анчелоти ја напаѓа Барселона со најсилниот тим за третиот трофеј во сезоната