Утрински Весник
Спорт

Јокиќ имаше трипл-дабл, а Денвер загуби

Јокиќ имаше трипл-дабл, а Денвер загуби

Играчите на Дебвер Нагетс, Никола Јокиќ и Џамал Мареј, влегоа во историјата на франшизата и покрај тоа што нивниот тим загуби во Сан Антонио 128:120.

dobivaj vesti na viber

Јокиќ на овој меч го оствари 26. трипл-дабл во сезоната 37 поени, 11 скока и 11 асистенции. Нагетс прв пат губат сезонава кога Јокиќ има трип-дабл учинок.

Со нов двоцифрен број на успешни додавања за кошот, тој го мина Вилт Чембрлен по бројот на натпревари со 10 или повеќе асистенции во сезона кога се центрите во прашање.

Џамал Мареј постигна два тројки од осум обиди и стана најдобриот „тројкаш“ во исоријата на франшизата од Колорадо.

Резултати:

Филаделфија – Портланд 120:119
Вашингтон – Атланта 107:114
Мајами – Кливленд 119:115
Минесота – Бруклин 123:124
Сан Антонио – Денвер 128:120
Лос Анџелес Лејкерс – Торонто 122:112

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами