Утрински Весник
Магазин

„Џокер 2“ во кино од 4 октомври

20240724085638 Big 730x400 40.webp.webp

Хоакин Феникс се враќа како „Џокер“. Продолжението на познатиот психолошки трилер од 2019 година е официјално насловено „Joker: Folie à Deux“, што во превод би гласело: „Џокер: Двајца во исто лудило“. Продукцијата објави и нов трејлер за филмот.

Режисер на филмот е Тод Филипс, кој го напиша и сценариото, заедно со Скот Силвер и Боб Кејн. Тоа е истата екипа којашто пред четири години доби номинација за „Оскар“ за најдобар филм и осум други номинации, покрај статуетките за најдобра главна машка улога (Хоакин Феникс) и за најдобра филмска музика.  

Во „Џокер 2“ глуми и Лејди Гага како Харли Квин, а свои улоги имаат и Зази Биц, Кетрин Кинер, Брендан Глисон, Стив Куган итн.

Повеќе подробности околу новиот филм се чуваат тајност… Но, се знае дека „Џокер 2“, како што е засега предвидено, ќе се прикажува во кината на 4 октомври.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста