Утрински Весник
Македонија

OJO за случајот во коj маж ги убил неговите мајка и баба: Извршен е увид на лице место

Млада скопјанка пронајдена почината во својот дом

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во стан на улицата “Рузвелтова” каде, според првичните сознанија, 40-годишен маж ги лишил од живот неговите мајка и баба, соопштија од оваа институција.

dobivaj vesti na viber

„Со цел расчистување на настанот, јавниот обвинител ќе издаде наредби за обдукција на починатите, како и за вештачење на сите траги пронајдени на лице место“, се додава во соопштението од Основното јавно обвинителство-Скопје.

Соопштението следи по информацијата дека денеска околу 14.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода 40-годишниот М.Ј. од Скопје, поради сомнение дека околу 14.20 часот во стан на улица „Рузвелтова“ со остар предмет ги нападнал неговата мајка и баба на возраст од околу 60 и 80 години, кои од здобиените повреди починале, извести МВР.

Можете да прочитате

Не излегувајте без потреба: Температурите одат до околу 45 степени, пред нас се и тропски ноќи!

ЕСМ тоне во загуби – Левица обвинува за расипничко менаџирање и несоодветни кадри

Во прекин патот Куманово – Крива Паланка