Утрински Весник
Македонија

ОJO постапува во врска со деловодна книга со архивски броеви за легализација на објекти во Општина Чаир

Obvinitelstvo 1.jpeg

Обвинителство отворило предмет и постапува во врска со деловодна книга со архивски броеви за легализација на објекти во Општина Чаир, за која постои сомнеж дека е фалсификувана. 

Од ЈОРМС, посочуваат дека предметот е оформен по допрен глас врз основа на медиумски написи. 


Од ЈОРМС, посочуваат дека предметот е оформен по допрен глас врз основа на медиумски написи.

– Предметот се постапува и се преземаат дејствија на проверки, обезбедена е обемна писмена документација и тоа како од општина Чаир, така и од Министерството за транспорт и врски на РСМ, од Државниот управен инспекторат на РСМ, но и од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам. Истовремено, во текот на оваа предистражна постапка е преземено и дејствие на испитување на повеќе лица кои даваат потребни известувања, така што беа испитани поголем број службени лице од општина Чаир, како и дел од барателите на легализација на бесправно изградените објекти на територијата на општина Чаир, со тоа што овој процес на обезбедување на вербални докази е се уште во тек, информираат од ЈОРСМ.

По анализа на севкупниот материјален и вербален доказен материјал чие обезбедување во овој предмет е во финална фаза, како што посочуваат од Обвинителство, ќе следи донесување и на соодветна јавнообвинителска одлука.

Можете да прочитате

Повлекувани 4.295 денари на сите граѓани кои купувале онлајн преку маркетите за козметика “ДМ“ или лажна страна

Обвинителството отвори постапка по скандирањата за „Голема Албанија“ и „Илирида“ на натпреварот Шкендија – Карабах

Успешно е спасен параглајдеристот кој висеше на дрво високо над 30 метри (ФОТО)