Утрински Весник
Економија

Огромен раст на горивата во Македонија, Регулаторна ги соопшти новите цени

Gorivo1.jpg

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денеска на седницата ги утврди максималните цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 14,27%. велат од РК.


Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 5,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.03.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 81,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 14,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.03.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 85,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемува за 12,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.03.2026 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 82,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 7,044 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.03.2026 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 42,586 ден/кг.

Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, од полноќ изнесуваат:

  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 79,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 81,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 85,50 (денари/литар)
  • Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 82,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС – 42,586 (денари/килограм)

Можете да прочитате

Цената на дизелот во Македонија со најголем раст споредено со земјите во регионот

Во февруари годишна инфлација од 2,9%

Доаѓа ли нова глобална рецесија? Берзите тонат, цената на нафтата само расте