Утрински Весник
Македонија

ОФИЦИЈАЛНА МЕТЕО АНАЛИЗА: Погледнете што точно не очекува за 1-ви мај!

Meteoalarm.mk 71.png

За 1-ви мај и официјално можам да кажам дека можете да планирате дружење и правење скара на отворено, поради тоа што ќе бидеме под влијание на стабилна и на сува воздушна маса, но ќе биде и потопло за разлика од сега.

Времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена облачност. Сепак, повремено ќе засилува ветер од северен и од североисточен правец.


И во Скопје и околината за 1-ви мај ќе имаме стабилно, суво, топло и сончево време, со појава на мала до умерена облачност. Повремено ќе засилува ветерот од северен правец.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени. И во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 25/26 степени.

Можете да прочитате

ЛДП: Заканите кон новинар се напад врз слободата на говорот

ВЛЕН: ДУИ со устата полна со Европа, а со рацете длабоко во европските фондови

Мицоски: Наскоро ќе се знае кој го наредил ова во Гостивар, одговорност ќе има