Утрински Весник
Свет

„Одвратен чин“ – ЕУ го осуди уривањето на браната и ја обвини Русија

„Одвратен чин“ – ЕУ го осуди уривањето на браната и ја обвини Русија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Европската Унија денеска го осуди уништувањето на големата брана на југот на Украина, со оценка дека тоа е нов пример за „варварска агресија“ од страна на Русија.

dobivaj vesti na viber

„Ова е нов знак на ескалација, страшен чин кој ја потврдува варварската природа на невидената руска агресија врз Украина“, изјави портпаролот на Европската комисија Петер Стано на прес-конференција во Брисел.

Германскиот канцелар Олаф Шолц во интервју за германскиот државен медиумски сервис WDR рече дека уривањето е одвратен чин,  додавајќи дека истиот е во согласност и со ескалацијата на руското насилство во Украина и со стратегијата на Путин за напад врз цивилни цели.

Претседателот на Литванија и министрите за надворешни работи на Летонија и Естонија се согласуваат дека уништувањето на браната Каховка во јужна Украина е воено злосторство за кое Русија мора да одговара.

Сепак, тие не понудија докази дека Русија стои зад уништувањето, наведува Ројтерс.

Русија ја обвини Украина.

Можете да прочитате

Планот на Европа за одбрана на Гренланд – постојат четири опции

Минесота се повлече од истрагата за агентот на имиграциските власти кој усмрти жена, бидејќи нема пристап до докази

Донорска кожа од починати лица пристигна во Швајцарија за настраданите во пожарот во Кран-Монтана