Утрински Весник
Македонија

И другите членови на Судскиот совет да си поднесат оставки, велат од Коалицијата „Сите за правично судење“

Судија од Врховниот суд доби писмена опомена

Коалицијата „Сите за правично судење“ ја поздравува одлуката на членовите на Судскиот совет кои денес поднесоа оставка од нивната функција.

dobivaj vesti na viber

Од Коалицијата се надеваат и ги охрабруваат и останатите членови на Судскиот совет да поднесат оставки како би можело понатаму да се изберат нови членови на ова тело кое ќе биде легитимно во извршување на своите надлежности согласно Законот.

„Судскиот совет е тело од исклучително значење за гарантирање на независноста и професионалноста на работењето на судиите, а сé со цел да им се овозможи на граѓаните да имаат фер и правично судење пред независен и непристрасен суд. Дополнително, начинот на работата на Судскиот совет влијае на зголемување на довербата на граѓаните во судскиот систем“, велат од Коалицијата „Сите за правично судење“.

Претходно денес, судиите Зоран Герасимовски и Мирјана Радевска-Стефкова поднесоа оставки од функциите членови на Судскиот совет. Причините за овој чекор се непознати за јавноста, а оставките се депонирани до претседателот Сашко Георгиев. Од Судскиот совет за „Макфакс“ потврдија дека двете оставки се архивирани, но досега не е закажана седница за нивно констатирање.

Можете да прочитате

Петровска до командантот на Националната гарда на Вермонт: Македонија е ваш сојузник на кој можете да се потпрете

Петровска за пописот во Албанија: Македонците имаат апсолутно право да се попишат онака како што се чувствуваат, како Македонци

Ковачевски: Нечија агенда стои зад вчерашните случувања на северот на Косово