Утрински Весник
Македонија

Одобрено обвинението против Нино Васев и Нехат Нухи од Онкологија

Onkologija.jpg

Постапувајќи по обвинението за предметот „Онкологија“, поднесен 22.5.2025 година, Советот за оцена на обвинителен акт донесе решение со кое приговорот на одбраната се одбива, а актот се одобрува.

„По вака одобрениот обвинителен акт формиран е кривично-правен предмет со К.бр. 1069/25 кој согласно АКМИС системот ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија, по што биде насрочен термин за главна расправа. Терминот ќе биде достапен на календарот за судења на веб-страната на судот“, соопшти Кривичниот суд.


Обвинети во овој случај се двајцата екс директори Нино Васев и Нехат Нухи, како и тројца онколози вработени во Клиниката за онкологија и радиотерапија.

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово