
Советот за оценка на обвинител акт, постапувајќи по дополнителното обвинение со КО 2317/25 поврзано со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, донесе решени со кое во целост го одобри актот.
Обвинителниот акт беше поднесен на 4 – ти септември од страна на обвинителниот тим кој постапува по истрагата за пожарот, а се однесува против едно лице – А.Н. кој е осомничен за кривичното дело од чл. 292 ст.2 в.в. со чл. 288 ст.3 в.в. со ст. 2 в.в. со чл. 22 од КЗ, а согласно соопштението на Јавниот обвинител, истиот се јавува како одговорно лице – реален сопственик на обвинетото правно лице Друштво за обезбедување на имот и лица РУБИКОН СЕКЈУРИТИ СОЛУШН увоз-извоз ДООЕЛ Скопје.
Согласно одобрениот акт, формиран е кривично правен предмет со К.бр. 1970/25 кој согласно АКМИС – системот е веќе распределен кај судија Биљана Смаќовска на понатамошно постапување. За сите нови информации со постапката, јавноста и странките ќе бидат дополнително известени, стои во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.